септември 20, 2024

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница по Љупчо Палевски со прекар Палчо, првоосомничениот дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на 27 неоември, и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена и закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес.

Во потерницата се вели дека Палевски, кој е во бегство, е „роден на 12.12.1964 во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела ‘грабнување’ и ‘убиство’ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“.

За убиствата се осомничени 5 лица, од кои 3 се во притвор, а таткото на Вања попладнево е изведен пред судија за претходна постапка и за него Обвинителството бара притвор.

Полицијата трага по Палевски, , откако на 30 ноември заминал за Белград, а оттаму во Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасосвски денеска на прес-конференцијата кажа дека Палевски е главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10:00 часот ја усмртил Вањаа, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага он полицијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK