септември 20, 2024

Пејачката Александра Пријовиќ по успешните концерти во Загреб одговори на интересно новинарско прашање.

„Ќе те ставам во една хипотетичка ситуација. Веќе повеќе пати потврди дека си фантастична пејачка, а потврдите се нижат и понатаму, но мене ме интересира да не си пејачка, како би заработувала за леб? Како би преживувала? Кој би бил твојот план Б?“ – праша новинар.

„Јас сум многу снаодлива, да не се занимавам со оваа работа, сигурно би нашла нешто. Но ова отсекогаш беше мојот повик, јас знаев дека ќе бидам пејачка, за мене ништо друго не постоеше. Иако мене многу работи ме интересираат, па така, сигирно би се нашла“ – му одговори Пријовиќ

„Минатиот пат ми рече дека сакаш да чистиш дома, ете, можеби чистачка“ – додаде новинарот од Хрватска, на што Александра со гордост одговори.

„Сакам. Зошто да не? Човек се снаоѓа како знае и умее“.

Потсетуваме, моментно најпопуларната пејачка во регионот Александра Пријовиќ нема завршено средно училиште.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK