септември 20, 2024

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено со прострелни рани во двете нозе

Пукање на паркинг во центарот на Куманово, едно лице повредено, Лицето е пренесено во болница со прострелни рани во двете нозе.
Во вооружен напад едено лице е повредено со две прострелни рани во двете нозе, потврдуваат од СВР и кумановската општа болница каде е хоспитализирано повреденото лице.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово го потврдуваат инцидентот, но повеќе детали најавија за подоцна.
– Да има пријава за пукање во центарот на градот. Екипи на СВР Куманово се на терен и се врши увид, повеќе детали ќе следуваат во текот на вечерта, велат од кумановската полиција.
Од Болницата во Куманово информираат дека во 17 часот и 38 минути во ургентен хируршки центар е донесено едно машко лице со прострелни рани на нозете. Пружена му е терапија и е пренесен е на васкуларна хирургија во Скопје, информираше Биљана Ивановска, директорка на кумановската болница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK