септември 20, 2024

Полицијата во Грција уапси рап-уметник, обвинет дека употребил експлозив за ограбување банкомат, за да ги финансира неговите музички спотови, соопштија денеска грчките власти.

28-годишниот маж, чие име не е објавено, беше уапсен викендов заедно со уште двајца осомничени, на возраст од 26 и 27 години, откако полицијата упадна во имот во близина на Атина и претресе неколку возила, објави АП.

Анѓушев ќе се жалел што е на црна листа на САД

Во текот на мојот мандат во Владата на Република Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на …

Агенцијата забележува дека во таа акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина. „Тие переле пари трошејќи огромни суми преку музичката индустрија или во казина“, изјави полицискиот бригаден генерал Јоанис Скорас, пренесуваат медиумите во регионот.

Портпаролката на полицијата Констанција Димоглиду изјави дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра. Тројцата осомничени се соочуваат со обвиненија за повеќекратни грабежи, недозволено поседување огнено оружје, како и поседување и употреба на експлозиви и кражба на возила, јавува Танјуг.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK