септември 20, 2024

За прв пат, по три дена се огласија од политичката партија „Десна“ откако стана јасно дека нивниот претседател извршил две убиства. Од партијата велат дека се соочени со шок и неверување.

„Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски. Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното“, велат во објавата на друштвените мрежи.

Од таму додаваат дека пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

„Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, додаваат од политичката партија „Десна“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK