мај 4, 2026

Бразилската јавност ја шокира инцидентот што се случи на тренингот на Сантос. Во центарот на вниманието е најголемата ѕвезда, Нејмар.

Славниот фудбалер, кој има 34 години, физички се пресметал со својот 18-годишен соиграч Робињо Жуниор, син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо.

Според достапните информации, Нејмар најпрвин му удрил клоца, а потоа му залепил шлаканица на младиот фудбалер, пишува бразилскиот „Глобо“.

Сè се случило за време на стандардна тренинг вежба. Ситуацијата ескалирала откако младиот Робињо успеал да ги предрибла Нејмар, што ја предизивкало бурната рекација на искусниот фудбалер.

Засега не е познато какви последици ќе има овој конфликт за Нејмар и клубот. Се чека официјална реакција од Сантос и одлука за евентуални санкции за сите вклучени.

Нејмар беше остро осуден од јавноста.

Познато е дека Нејмар се обидува со сите сили да обезбеди место во репрезентацијата на Бразил за следниот Светски куп, но дека нема наклонетост кај тренерот Карло Анчелоти.

Овој испад би можел да му даде на Италијанецот дополнителна причина да не го отстрани од ростерот за Мундијалот.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Нејмар го истепал синот на Робињо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK