септември 20, 2024

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ
На денешен ден во 2011 година на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика. Во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајчице“. Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди. Неколку пати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“ … Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.
Вечна ти слава

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK