септември 20, 2024

Тринаесет годишната Марија од Херисау, Швајцарија, паднала во снегот кој целосно ја затрупал, а кога ја пронашле нејзиниот 11-годишен брат и родителите, таа била во несвест со помодрено лице.

За среќа помалиот брат брзо реагирал и ја спасил.

АМЕРИКА ВОВЕДЕ НОВИ САНКЦИИ ЗА ПОЕДИНЦИ И ФИРМИ: Црната листа станува подолга, на мета не се само Русите

Денеска САД воведоа нови санкции за мрежата за набавки на одбраната, која ја поврзува со Русија. Станува збор за мрежа предводена од белгискиот бизнисмен Ханс де Гитере, која се занимава со набавка на електроника со воени апликации за …
НЕШТО СЕ СЛУЧИ ВО ПОСЛЕДНА МИНУТА: Зеленски неочекувано го откажа говорот пред американскиот Конгрес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан што се случи во „последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер. „Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг …

„Марија и Орландо правеа куќа од снег додека ние бевме во домот“, изјави мајката Фиорела за швајцарските медиуми. Во еден момент слушнале како малиот Орландо панично ги довикиува, а кога излегле надвор го затекнале како копа во снегот.

„Тоа беше борба за живот и смрт“, додала мајката.

Заедно успеале да ја пронајдат затрупаната ќерка која веќе имала помодрени усни и била без витални знаци на живот.

Веднаш ја искапеле со топла вода по што 13 годишното девојче почнало да се освестува.

„Марија немаше да биде жива доколку Орландо не реагираше толку брзо. Се можеше да заврши многу лошо“, истакна Фиорела. По оваа случка девојчето доживеало шок, но не морало да оди во болница, па веќе следниот ден била надвор со својот брат и си играла на снегот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK