септември 20, 2024

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

АМЕРИКА ВОВЕДЕ НОВИ САНКЦИИ ЗА ПОЕДИНЦИ И ФИРМИ: Црната листа станува подолга, на мета не се само Русите

Денеска САД воведоа нови санкции за мрежата за набавки на одбраната, која ја поврзува со Русија. Станува збор за мрежа предводена од белгискиот бизнисмен Ханс де Гитере, која се занимава …
НЕШТО СЕ СЛУЧИ ВО ПОСЛЕДНА МИНУТА: Зеленски неочекувано го откажа говорот пред американскиот Конгрес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан што се случи во „последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер. „Зеленски …

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK