септември 20, 2024

Над 50 граѓани се членови во новоформираната група на социјалната мрежа Фејсбук „ Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ која го брани ликот и делото на Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше уапсен во Турција за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски Палчо е вистински македонски патриот и како таков долго време им пречи на сите антимакедонски политички субјекти, особено на Курто и Мурто. Системот му спакува афера и лажно го обвини“, стои во објаснувањето за групата на Фејсбук.

Администраторот на групата напишал дека Палчо бил невино обвинет за грозоморното и монструозното убиство на Вања.

„Знаеме дека, заедно со дел од неговите најблиски соработници им е монтиран случај во кој што ѕверски жртвуваа и детски живот. Дете лишија од младост, од радост што му носи животот, од потомство, од среќа да биде дел од своите најблиски, другари и пријатели.

Создадоа непријателско и насилно јавно мислење, креираа потенцијални монструми кои што се подготвени невино обвинетиот Палчо да го растргнат токму како што тоа би го направиле најкрволочните волци.

Потенцијалните монструми истото ќе го сторат и со сите познаници и сопартијци на Палчо.

Драги Македонци, драги сограѓани, драги пријатели и непријатели, ве молам, оладете ги главите, само така ќе можеме да се избориме за вистината, да ги пронајдеме вистинските монструми кои што ги убија Панчо и Вања. Само така ќе можеме да откриеме кои се идеолозите, организаторите и извршителите на овие грозоморно, ѕверски и политички убиства.

Животите на Панчо и Вања се многу скапи и злосторство е за нив да одговаараат невини Македонци“, пишува во објавата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK