Бродот патролирал во Тајландскиот Залив, приближно 20 наутички милји од пристаништето Банг Сафа, кога налетал на силни бранови и почнал да пропушта вода.
Најмалку 31 морнар на тајландската морнарица се водат како исчезнати откако доцна синоќа потона брод во Тајландскиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воениот брод „ХТМС Шукотаи“ потона околу 23:30 часот по локално време, во близина на провинцијата Прачуап Кири Кан, јужно од главниот град Бангкок.
Започната беше голема спасувачка мисија во која беа вклучени воени бродови и хеликоптери.
Кралската тајландска морнарица соопшти дека силните ветрови и бранови предизвикуваат прекин на спасувачката операција.
Бродот патролирал во Тајландскиот Залив, приближно 20 наутички милји од пристаништето Банг Сафа, кога синоќа налетал на силни бранови и почнал да пропушта вода.
Морнарицата соопшти дека водата „влегла во електричниот систем“ предизвикувајќи прекин на електричната енергија и „престанале да работат главните мотори“.
Се додава дека се спасени 75 членови на екипажот, од кои 11 се хоспитализирани, додека по уште 31 член сè уште се трага.
Следете не, не има насекаде