Вчера во атарот на селото Варварица, струмичко, полициски службеници ги привеле Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница.
Лицата биле затекнати како со 15 запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни пили. Дрвата и запрежните возила се пренесени во склад на Јавното претпријатие „Национални шуми“ во Струмица, соопшти МВР.
Трите лица се приведени и задржани во полициска станица Струмица, а во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење на шума“.
The post Приведени три лица за пустошење на шума appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде