септември 21, 2024

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ.

Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.

Ковачевски го закажал состанокот на партиското раководство вчера додека се уште траел состанокот на ДУИ кога актуелниот спикер, Талат Џафери е предложен за технички премиер во предизборниот период.

Јован Митрески во моментот е координатор на пратеничката група на СДСМ, и е пратеник во втор во низа мандат во Собранието, избран во 5-тата изборна единица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK