септември 21, 2024

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде лицето А Т работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.

СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања, реаираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK