ноември 27, 2024
Нови обвинувања против Северна Кореја пристигнуваат од САД. Имено, како што наведуваат Американците, тие и’ доставувале ракети и проектили на руската платеничка група Вагнер за употреба во Украина.

Белата куќа соопшти дека пратката ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ќе објави дополнителни санкции против групата Вагнер. И Северна Кореја и Вагнер ги негираа извештаите.

Бројот на борци од платеничката група порасна од 1.000 на речиси 20.000 во Украина, соопшти британската влада.

Групата е активна и во Сирија и африканските земји и е обвинета за воени злосторства и кршење на човековите права.

– Вагнер бара добавувачи на оружје ширум светот за да ги поддржи неговите воени операции во Украина – изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. Тој додаде дека може да потврди дека Северна Кореја ја завршила испораката на оружје на Вагнер, кој платил за опремата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK