септември 21, 2024

Синот на претседателот на Сомалија, кој предизвика сообраќајна несреќа во Истанбул во која загина мотоциклист, избега од Турција.

Мухамед Хасан Шеик Мохамуд со својот автомобил налета на курирот Јунус Гечер на 30 ноември во Фатих. Гечер, кој од ударот бил фрлен во воздух, бил пренесен во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, шест дена подоцна починал.

(НЕ)РЕАЛНА СЦЕНА ВО ИТАЛИЈА – Фудбалерот на Сампдорија го “давеше“ легендарниот Андреа Пирло

Фудбалерот на Сампдорија, Себастијан Еспосито дојде до израз поради неговата несекојдневна прослава на гол. Жртва на неговото славје е тренерот на Сампдорија, легендарниот Андреа Пирло, кој на своја кожа почувствува нешто што веројатно досега не го …

Зад себе остави две деца, од кои едното има инвалидитет.

Мухамед Хасан Шеик Мохамуд, кој беше сослушан во полициската станица по сообраќајната несреќа, првично беше пуштен, а потоа беше ставен на забрана за патување.

По смртта на Гечер, обвинителството распишало налог за синот на сомалискиот претседател, но полицијата открила дека тој исчезнал на 2 декември, пишува Хабер.

Ey Somali Cumhurbaşkanı! İstersen kral ol!

Senin oğlun 1’i engelli 2 çocuğu yetim bıraktı. Getir, oğlunu adalete teslim et.

Ömrün boyunca utançla anılacaksın! @HassanSMohamud pic.twitter.com/9neCRDK0FZ

— Cemil Çiçek (@avcemilcicek) December 10, 2023

Следниот чекор е издавање меѓународна потерница.

Бегството на синот на сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд предизвика бурни реакции во Турција.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу , објави видео од надзорната камера на кое се гледа како автомобил управуван од синот на претседателот на Сомалија удира и влече мотоцикл неколку метри.

– Осомничениот невознемирен ја напушти Турција – нагласи Имамоглу и додаде дека „менталитетот на слепи очи“ кога се во прашање моќниците не дозволува одбрана на правата на граѓаните.

Вештакот утврдил дека возачот на мотоцикл не ги прекршил сообраќајните правила и дека нема дефект што довела до несреќата и дека за трагедијата првенствено е виновен осомничениот.

Анкара одржува блиски односи со Сомалија во изминатите децении. Турција ја смета Сомалија за сестринска земја и клучен партнер во Рогот на Африка.

Сомалија има околу 17 милиони жители, од кои апсолутно мнозинство се муслимани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK