септември 21, 2024

Француски воен брод собори два дрона во Црвеното Море кои беа лансирани кон него од брегот на Јемен.

Француското Министерство за одбрана соопшти дека повеќенаменската фрегата Лангедок го пресретнала и уништила првиот дрон во саботата околу 21 часот и 30 минути, додека вториот дрон бил соборен два часа подоцна на околу 110 километри од јеменскиот брег во близина на градот Ел Худајд.

(НЕ)РЕАЛНА СЦЕНА ВО ИТАЛИЈА – Фудбалерот на Сампдорија го “давеше“ легендарниот Андреа Пирло

Фудбалерот на Сампдорија, Себастијан Еспосито дојде до израз поради неговата несекојдневна прослава на гол. Жртва на неговото славје е тренерот на Сампдорија, легендарниот Андреа Пирло, кој на своја кожа почувствува нешто што веројатно досега не …

Јеменското шиитско движење Хути, да потсетиме, претходно најави дека ќе ги нападне сите бродови кои се упатуваат кон Израел, без разлика на нивната националност, и ги предупреди сите меѓународни бродски компании да не прават бизнис со израелските пристаништа.

Хутите, подредени на Иран, нападнаа и киднапираа неколку бродови поврзани со Израел во Црвеното Море и теснецот Баб ел Мандаб, кој е бродска рута за најголемиот дел од светската нафта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK