септември 22, 2024

Ал Наср, во понеделникот, го победи големиот ривал Ал Шабаб со 5:2 и се пласираше во полуфиналето на Купот на кралот на Саудиска Арабија. Еден од стрелците беше и 38-годишниот Португалец Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Мадеира го постигна четвртиот гол за својот тим, погоди во 74. минута по асистенцијата на сонародникот Отавио.

Голот против Ал Шабаб беше јубилеен за Роналдо во 2023 година. Голот во мрежата на Ал Шабаб беше 50-ти за Роналдо во 2023 година. Годинава 50 гола постигна и напаѓачот на Манчестер сити Ерлинг Холанд, а по 49 имаат Хари Кејн и Килијан Мбапе.

Во истиот натпревар, тој ја забележа својата 14-та асистенција во 2023 година.

Во сезоната 2023/2024, Роналдо во моментов има 26 гола, од кои 16 постигна на 15 натпревари во саудиската про лига.

Моментално во професионалната фудбалска кариера има 792 победи и вкупно 896 голови.

The post Роналдо во 2023 година постигна 50 гола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK