септември 22, 2024

Фудбалот во регионот го потресе шок, затоа што поранешниот фудбалер на Шкендија, Иван Челиковиќ, ненадејно почина на 34-годишна возраст.

Хрватот работеше во една од фудбалските академии во татковината, а од таму информираа дека изненадувачки Челиковиќ починал и дека сите се во шок. Се испрати и сочувство до семејството и најблиските.

Иван Челиковиќ играше за Шкендија од 2017 до 2018 година и забележа 20 натпревари. Низ кариерата беше дел и од Локомотива Загреб, Интер Запрешиќ, Солин и Конављанин.

Најголемата трага Челиковиќ ја остави во тимот на Интер Запрешиќ. Во ХНЛ-лигата во текот на кариерата собра 143 настапи, а во авантурата со Шкендија стана шампион на Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK