септември 22, 2024

Сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со ХОПС-Опции за здрав живот во пресрет на одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, ќе одржат 16.ти марш на „Црвените чадори“ низ улиците на Скопје. Како што соопштуваат организаторите, настанот се организира во рамките на овогодинешната кампања „5353 денови до правда”.

-Со овогодинешната кампања „5353 денови до правда”, одбележуваме 15 години од полициската акција „Сузбивање на улична проституција” од страна на Министерството за внатрешни работи, во која беа приведени 23 сексуални работнички и на кои им беше повредено правото на приватност со јавно споделување на нивни фотографии на веб-страницата на МВР. Долгогодишната правна битка за правда на сексуалните работнички по полициската акција „Сузбивање на улична проституција” во ноември 2008, најпосле заврши со пресуда на ЕСЧП во 2023 година, по жалбата поднесена во 2017 година и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови“, се наведува во соопштението. 

Оттаму додаваат дека согласно вака воспоставената пракса на Европскиот суд за човекови права, се охрабруваат националните судови по примерот на Основниот граѓански суд во Скопје, секогаш да ги заштитуваат правата на маргинализираните и ранливите граѓани, како што се сексуалните работници, а особено кога правата се прекршени од страна на институциите кои треба да ги заштитат.

Традиционалниот Марш на црвените чадори ќе се одржи на 15.12.2023 (петок) со почеток во 12:00 часот. Маршот ќе започне на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија” и ќе заврши на плоштадот „Филип II”. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK