септември 22, 2024

Државна лотарија го наградува рекордниот интерес за учество во игрите на среќа на својата нова интерент-платформа www.megawin.mk со кампањата „Празнично дарување“, којашто веќе започна и побуди голем интерес. Покрај забавните видови игри за љубителите на видеолотарија и спортско обложување, Државна лотарија предвиде подароци за играчите, а посебно и за секој новорегистриран играч на www.megawin.mk.

Забавата започна, а празниците се ближат, па оттаму и името на кампањата „Празнично дарување“.

Симболиката на празниците и дарувањето, на страната www.megawin.mk е претставена со отворање подароци. Играчот сам избира подарок, го отвора со клик, а добиеното е изненадување што го води понатаму во уште поголема забава до поголеми изненадувања.

Новата интернет-платформа беше промовирана со наградната игра „Биди ин регистрирај се на мегавин“, којашто траеше од 18 до 29 ноември со вкупен фонд од награди и подароци над 12 000 000 денари. Извлекувањето на наградите се одвиваше во живо на 30 ноември на мегаконцертот МЕГАСТАРС во Скопје, каде што платформата www.megawin.mk беше и официјално отворена за игра.

Добитниците на вредните награди: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro и 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, веќе доаѓаат во просториите на Државна лотарија во зградата на МТВ, секој по својата награда и ги запознаваме преку објавите на официјалните социјални медиуми на Државна лотарија. Возбудени сме пред средбата со добитникот на премијата автомобил BMW, којшто ќе гостува во следното издание на нашата нова шоу-емисија СЕДМО НЕБО.

Државна лотарија − нова, свежа, динамична, позабавна, поблиску до народот, иновативна, со поголема и поразновидна понуда на игри на среќа и видови добивки, поактивен член на заедницата, поголема поддршка на општеството, цврста во ставот за промоција и заштита на одговорно и контролирано приредување игри на среќа − тоа е новата Државна лотарија, со нов слоган: СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Интернет-платформата www.megawin.mk ја потврди новата стратегија на Државна лотарија. Со неа ќе бидат поврзани многу нови изненадувања, подароци, награди добивки и многу забава, кампањата „Празнично дарување“ е едно од изненадувањата што ќе внесат мега адреналин и многу забава во овие празници, но и воопшто во светот на игрите на Државна лотарија.

The post Забавата започна со кампањата „Празнично дарување“, мега интерес за игрите на интернет платформата megawin.mk на државна лотарија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK