ноември 27, 2024

Кризата поради војната во Украина предизвика раст на цените насекаде во светот, особено на цените за горивата, енергенсите и храната. Во такви услови тутунопроизводителите, кои цела година работеа не знаеја што ги очекува, но пред самиот крај на откупот годинава, тие велат дека нивниот вложен труд им се исплатил. Зголемени цени, недостаток на работна сила, зголемени трошоци за живот, околностите, искуството од минатите години се уште ги плашат но, како што велат, наредната година повторно ќе садат тутун и ќе склучуваат договори. Тие очекуваат исти услови како и сега и ако може малку подобри. Повторно се надеваат на помошта од државата и доколку има големи зголемувања на цените, ќе бараат и зголемена субвенција за тутун- објави Агротим.мк.

За килограм тутун продаден во откупен пункт годинава им следува 80 денари субвенција за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа. Најголем дел од продадениот тутун се откупува по проценка во прва класа, што значи дека за 20.000 тони од прва класа на нивните сметки државата ќе исплати 1.600.000.000 денари за прва класа и во зависност од количината за втора по 70 денари и за килограм тутун од втора класа и 60 денари за трета.

Во очекување на конечните бројќи колку тутун е откупен годинава, од која класа, колку ќе добијат субвенци и колку пари ќе им стигнат на сметките на тутунопроизводителите од откупот, веќе се продаваат и последните килограми, разговараме со двајца производители на тутун од скопско Студеничани, како и двајца од Прилеп, но и со претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија – Менде Стомнарски.

Сите се согласни дека годинава е добро, но ако може следната година да биде уште малку подобро или барем како годинава.

Со оглед на тоа што производството на тутун кај нас е регулирано со закон и со претходно потпишани договори со откупувачот, при што семето го добиваат од комбинатот, на земјоделците останува вкупното производство од сеење, одгледувањето на тутунот, нижењето, берењето, сушењето на тутунот и на крај диплењето или подготовката за продажба.

„Произведов осум тона тутун годинава. Во споредба со другите години, оваа година е добра, не е лош откупот, на почеток малку беше послабо, а потоа се бараше повеќе тутун, па започнаа да го проценуваат како прва класа и тука е ќарот на земјоделците“, рече за Агротим тутунопроизводител од скопско Студеничани. Тој потврди дека семето го добил гратис, но вели дека за да ја произведе оваа количина, му требале и сезонски работници кои дошле од Радовиш и за нивниот труд потрошил 12.000 евра. Им плаќал и кирија додека биле овде да работат.

The post Тутунарите брутално искрени: И покрај поскапените репроматеријали, годинава поминавме добро, нè плаши неизвесноста appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK