ноември 26, 2024

Вистинско „лудило“ ја зафати Аргентина по освојувањето на Мундијалот, а доказ за тоа е фотографијата која се појави на социјалните мрежи на која се гледа веројатно најекстремната тетоважа досега.

Лионел Меси е херој на целата нација и деновиве се слави на најразлични начини.

Откако Аргентинците во спектакуларното финале ја совладаа Франција со резултат 4:2 во пенал рулетот и со тоа ја освоија третата светска шампионска титула, навивачите направија тетоважи кои тешко се бројат, но една посебно се издвојува, објави Corriere dello sport .

#Argentina, follie mondiali: il tatuaggio estremo dedicato a #Messi: Un tifoso della ‘Pulce’ ha deciso di celebrare in maniera particolare il trionfo della ‘Seleccion’ nella Coppa del Mondo in Qatar: ecco cosa si è tatuato sulla fronte e sulle guance https://t.co/RUlxMxlIuH pic.twitter.com/WE06Ut3vwV

— sportlive (@sportli26181512) December 23, 2022

Еден навивач реши да направи нешто досега невидено. На челото го имаше истетовирано зборот „Меси“, на едниот образ „Д10С“ (Бог), а на другиот три ѕвезди, а очекувано стана хит на социјалните мрежи.
Инаку, за популарноста на Меси говори и фактот што Централната банка на Аргентина размислува да го стави неговиот лик на банкнотата од 1.000 песо, пренесуваат локалните медиуми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK