септември 23, 2024

Длабоко деколте, кратко мини, совршен тен, дискретна шминка, долга негувана коса, нозете до небото – таа е вистинска убавица и ќе го привлече вниманието на сите мажи. Меѓутоа, ако девојката е совршено згодна, тоа не значи дека е фетална жена.

Имено, кога секси убавица влегува во машко друштво, сите момци зјапаат и почнуваат да пелтечат. Но, ако го нема тоа нешто, по половина час тие го губат интересот за неа (добро, освен за женкарот кој само за задоволство би ја однел во кревет, а потоа ќе ја фрли како стар партал).

Од друга страна, фатална девојка е онаа која го привлекува машкото внимание со својата харизма, однесување, сигурност и самодоверба, тврдат британските научници. Таа не привлекува внимание со длабокото деколте и примамливите облини, туку со своето однесување.

Мажите сакаат интелигентни жени со добра смисла за хумор, велат експертите. Имено, смислата за хумор кај жените ги привлекува мажите бидејќи денешното време е полно со стрес, па момчињата копнеат за релаксација и смеа. Покрај тоа, мажите се многу конкурентни и целиот свој живот се обидуваат да бидат најдобри и најпаметни, така што нема ништо поубаво од тоа кога можат да се смеат, да се релаксираат и забавуваат. Значи, добрата смисла за хумор е најсилната одлика на фаталната жена и скоро секој маж ќе го собори од нозе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK