септември 23, 2024

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) од с.Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27.07.2022 до 09.09.2022, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе. Потоа во книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставувал кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка. На тој начин тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK