септември 23, 2024

Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек којшто со пушка во рака на социјални медиуми се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“, во однос на заканите кои политичарите ги добиваат како јавно, така и на социјални мрежи.

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу тешко да оди со ДУИ, но ќе се почитуваат одлуките на партиските органи

Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Таравари, по средбата, во изјава за ТВ21 порача дека за Алијанса е многу тешко …
ЗАКАНАТА НА УНГАРИЈА ВРОДИ СО ПЛОД Бугарија ја укина дополнителната такса на руски гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта. Според бугарските медиуми, и покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за …

Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.

– Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот – кажа Ковачевски.

Ковачевски додаде дека закани има до жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата – рече Ковачевски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK