септември 23, 2024

Поддршката за ЕУ во земјава на најниско ниво во последните 10 години. Ова го покажува најновото истражување на Институтот за Демократија, поддржано од Фондацијата Конрад Аденауер, спроведено на 1000 испитаници.

Според анкетата, се зголемува бројот на неопределени и апатични, кој е дури 30 проценти од испитаниците. Само 12 проценти од населението е отворено евроскептично. Според објавените анализи – 53 проценти од младата популација од 18 до 24 години го поддржува членството во ЕУ, а 66 проценти од граѓаните сметаат дека земјава не е подготвена за членство, додека тој процент минатата година бил 51.

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу тешко да оди со ДУИ, но ќе се почитуваат одлуките на партиските органи

Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Таравари, по средбата, во изјава за ТВ21 порача дека за Алијанса е многу тешко …
ЗАКАНАТА НА УНГАРИЈА ВРОДИ СО ПЛОД Бугарија ја укина дополнителната такса на руски гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта. Според бугарските медиуми, и покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за …

– Имаме најниско ниво на поддршка за влез во Европската Унија, иако мнозинството на граѓани стои зад таа поддршка, а изнесува 60 проценти. Постои се поголем етнички јаз помеѓу Македонците и Албанците, иако и двата етникума со мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ. – вели Марко Трошановски од Институтот за Демократија.

– 2014та имавме 90 проценти на пристапот кон ЕУ, не можеме да бидеме многу задоволни со тоа. Тоа значи и дека следната година со претседателските и парламентарните избори , ќе имаме големи предизвици за тие што ќче имаат политичка одговорност. – изјави Даниел Браун директор на фондацијата Конрад Аденауер.

Членството во ЕУ е многу важно за 40% од населението, додека за 20 отсто пак , воопшто не е важно. Македонците се попесимистични во поглед на европскиот пат на државата, во однос на Албанците.

Една третина од испитаниците сметаат дека процесот на пристапување кон ЕУ е усогласување на стандардите и законодавството со европското, додека пак 11 проценти го гледаат пристапниот процес како задоволување на условите на соседите.

Во врска со внатрешните процеси во земјават- дури 47 проценти од испитаниците сметаат дека се злоуботребува европското знаменце.

– По повод на прашањето за Кривичниот Законик гледаме консензус, 65 проценти од граѓаните сметаат дека не се донесени за усогласување на стандардите со ЕУ , туку се донесени за заштита на политички елити од криминални дејствија. – вели Анамарија Велиновска од ИДЦСЦ.

Само 24 проценти од испитаниците се согласуваат со преземената обврска за уставни измени. Мнозинството од населението смета дека најголмите позитивни ефекти од процесот на евроинтеграција ќе се случат во економијата. 90 проценти од испитаниците пак не веруваат дека челнстовот во ЕУ ќе гио намали иселувањето кај младата популација.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK