мај 2, 2026

Примив огромен број честитки по повод празникот Св. Никола како мој именден, на сите апликации и социјални мрежи и физички е невозможно денес да успеам на сите поединечно да одговорам.

Чувствувам дека најголем дел од нив се искрени, напишани со љубов и од срце и би сакал да се заблагодарам за вниманието и добрите желби на секој еден кој ми честиташе именден, дури и на оние чии желби ми личат тешко остварливи.

Посакаувам здравје и среќа на секој од Вас во чии мисли бев денес барем за миг, и кој ми испративте преку вашата порака дел од себе, и се потсетувам дека на некој начин животот ни го враќа само она што им го даваме на другите а секоја мисла има одредена моќ и како што рече големиот Никола Тесла: “моќта на една мисла може да го одреди движењето на универзумот!

За многу години Св. Никола!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK