ноември 22, 2024

Ќерката на бразилскиот фудбалер Пеле објави фотографија од нејзиниот татко во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

„Продолжуваме да бидеме тука, во борба и верба. Уште една ноќ заедно“, напиша Кели Насименто.

На фотографијата се гледа како таа го гушка татко ѝ додека тој лежи на болнички кревет.

82-годишниот Пеле на 29 ноември беше примен во болница поради респираторна инфекција и повторна евалуација на хемотерапискиот третман за рак на дебелото црево, идентификуван во септември 2021 година, се вели во соопштението на болницата.

Од болницата оваа недела велат дека здравјето на Пеле се влошило и дека сега ќе му треба поголема грижа поради прогресијата на ракот

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK