мај 2, 2026

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, вчера (19.12.2023) во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди, при што лишени од слобода биле три лица.

Имено, во периодот од 16.50 часот до 19.10 часот полициските службеници ги лишиле од слобода И.Д.(61), од кого со одземени 3.826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2.895 парчиња, двајцата од Неготино, а го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња.

Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK