септември 23, 2024

Обвинителката Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, со што практично стана една од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.

Стефанова беше дел од тимот на сега веќе расформираното Специјално јавно обвинителство. До пред изборот во Републичкото, работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе остане запаметена по тоа што се спогоди со екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков за конфискација на неговиот имот.

Стефанова е позната и по тоа што работеше на високо профилирани случаи кои произлегоа од прислушуваните разговори, како што беа „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Овие два предмети завршија со осудителни пресуди.

Таа е обвинител и во предметите „Титаник“,„Траекторија“, „Маџар Телеком“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK