септември 23, 2024

Капитенот на ракометната репрезентација на Хрватска се отвори во интервју за ЕХФ како дел од серијалот „Златни соништа“. Во интервјуто призна дека не може да го заборави поразот во финалето на Европското првенство во 2010 година во Австрија.

„Тој натпревар засекогаш ми остана во сеќавање“, изјави Дувњак.

Хрватска тогаш го одбрани европското сребро освоено две години претходно во Норвешка, но златото повторно остана недостижно за „коцкестите“. Франција победи во финалето со 25:21 (12:12) и со тоа по трет пат во 15 години (СП Исланд 1995, СП Хрватска 2009), во директен дуел ја спречија Хрватска да го освои златниот медал.

„Едноставно, многупати ми ги уништија соништата, за жал. Но, така е. Понекогаш човек треба да признае и да каже дека во тој момент едноставно биле подобри“, искрено признава Дувњак и не крие дека често се сеќава на тој натпревар.

И денес понекогаш пред спиење ми се враќа филмот од тој натпревар“.

Домагој Дувњак во клупската кариера двапати ја освои Лигата на шампионите, но никогаш со националниот тим не успеа да се искачи на европскиот ракометен трон.

The post Дувњак: Французите ми ги уништија соништата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK