септември 23, 2024

По пет месеци неизвесност, осудениот Никола Груевски не дочека позитивен одговор од највисокиот суд. Врховен му го одби барањето за аболицијата донесена од експретседателот Ѓорѓе Иванов и ја потврди пресудата од апелациониот суд. Поранешниот премиер кога ќе стапне во земјава ќе треба да одлежи девет години затвор за злоупотреби на партиската каса од каде што влечел готовина и со неа купувал имот на Водно.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано“, соопштија од Врховен.

По предметот „Транспортер“, каде што одбраната, исто така, бараше спас за обвинетите преку дамнешната аболиција, врховниот суд и во „Плацеви на Водно“ ја одбива како неоснова, односно констатира дека таа аболиција не произвела никакво правно дејство. Па, така аболицијата засега не запали во ниту едно жалбено барање од одбраната на оние кои беа опфатени со неа, а потоа завршија во судски процеси.

Но, адвокатот Димитар Дангов во жалбеното барање до Врховен навел и други приговори како вонредни правни лекови во обид да ја сруши пресудата на апелација која наместо 7, одлучи да му покачи на 9 години затвор на првообвинетиот Груевски. Во предметот „Плацеви на Водно“, Груевски покрај за нелегалното купување на плацеви на Водно, осуден е и за злоупотреба на партиските донации.

Според обвинението, во периодот од јуни 2006 година до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Односно Груевски сторил кривични дела за кои доби правосилна пресуда и застарување со измените во кривичниот законик не се активни за овој предмет. Но, „ТНТ“ за „Космос“ веќе застаре како и кривичното дело во предметот „Тенк“.

Насилствата во Општина Центар, доколку не се оправосили кривичното дело, застарува во 2024 година. Груевски во „Титаник“ остануваа обвинет за уште едно дело изборни измами, а му застаре за злосторничко здружување. „Талир 1“ за финансирањето на партијата застарува во 2025, а „Талир 2“ за партиското седиште во 2026.

Павле Беловски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK