септември 24, 2024

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

– Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка – рече Зеленски на прес-конференција, пренесува „Украинска Правда“.

СЕКОЈ ИСTРЕЛАН проектил ја чини Америка 2,1 милион долари: Цената на дронот Хутите не надминува 2.000 долари, КОНФРОНТАЦИЈАТА во Црвеното Море СКАПО ГО ЧИНИ ПЕНТАГОН

Американски воени бродови успешно уништуваат беспилотни летала и проектили лансирани од Хутите, бунтовници од Јемен, кон цели во Црвеното Море. Политико пишува дека, и покрај тоа, претставниците на Пентагон се …
Шојгу ги замрзна сите! Невиден успех на Москва, за само четири месеци направија оружје кое се создаваше осум години

На состанокот на Министерството за одбрана, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече: „Дизајнерите создаваат ново оружје за вооружените сили на Русија за 4-7 месеци наместо за 5-8 години во нормални …

Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.

– За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари – рече тој.

Зеленски рече дека нема намера да го потпише законот за мобилизација на жени доколку документот биде усвоен од Рада.

Воедно ја поддржа иницијативата за евентуално намалување на старосната граница за мобилизација.

Тој додаде дека може да го одобри предлогот за промена на старосната граница на оние кои се предмет на мобилизација од 27 на 25 години „доколку ги има потребните аргументи“.

Зеленски изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

Зеленски изјави и дека изборите во Украина „не можат да се одржат додека трае војната“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK