септември 24, 2024

Foto/ Starsport

Партизан ја победи Црвена звезда со 2:1 и полусезоната во Суперлигата на Србија ја заврши со бод повеќе од вечниот ривал. Овој натпревар, како што пренесоа српските медиуми, беше последен за тренерот на Црвена звезда, Барак Бахар. Израелецот веднаш по натпреварот добил отказ.

Бахар летово пристигна со големи очекувања кои не ги исполни, пред се во Лигата на шампионите. Поразот во вечното дерби беше само капката која ја прели чашата.

„Спортал“, тврди дека нов шеф на стручниот штаб ќе биде Владан Милојевиќ.

Милојевиќ во минатото беше шеф на струката на „Рајко Митиќ“ стадионот. Постгна големи успеси во периодот од 2017 до 2019 година. Во тој период освои три титули и еден Куп на Србија. Исто така по една деценија чекање го врати тимот на европските натпреварувања. Прво во Лига Европа, а потоа и во Лигата на шампионите.

Во неговиот мандат Црвена звезда забележа една од најголемите победи воклупската историја, кога во Белград го победи Ливерпул, тим кој подцна ја освои титулата во Лигата на шампионите.

The post Црвена звезда го загуби вечното дерби, тренерот Бахар доби отказ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK