септември 24, 2024

Фудбалерите на Барселона на свој терен ја совладаа Алмерија со резултат 3:2 во натпреварот од 18. коло на шпанската Ла Лига.

Головите за Барселона ги постигнаа беа Рафиња во 33. минута и Серхи Роберто во 60. и 83. минута. Стрелци за „фенрџијата“ беа Лео Баптистао во 41. минута и Едгар Гонзалес во 71. минута.

Херои на Барселона беа капитенот Серхи Роберто, кој им пресуди на борбените гости во 83.минута и младиот голман Ињаки Пења, кој три минути подоцна со брилијантна одбрана го спречи Баба да и донесе уште едно израмнување на Алемрија.

Барселона е на третото место на табелата со 38 бодови, а Алмерија е на последната, 20. позиција со пет бодови.

Во следното коло Барселона ќе го пречека Лас Палмас, додека Алмерија ќе игра против на Осасуна.

The post (Видео) Роберто со два гола спречи кикс на Барселона против Алмерија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK