септември 24, 2024

19-годишна мајка е приведена, откако нејзиното бебе било најдено оставено сосе количка на подрачје во скопската населба Карпош.

Кај количката, имало и телефонски контакт, како и медицинските извештаи на мајката, а случајот бил пријавен во МВР.

„Полицијата ја пронајде мајката М.С.(19) од Скопје и ја приведе“, велат од МВР.

Засега нема детали за причините зошто бебето било оставено само.

По целосно расчистување и документирање, против мајката ќе следуваат соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK