септември 24, 2024

Човек никогаш нема да поседува ништо повредно од тоа.
Некогаш еден човек ја искарал својата тригодишна ќеркичка затоа што таа потрошила ролна златна украсна хартија.

Времињата биле кризни и тој збеснал кога детето се обидело да украси кутија којашто сакало да ја стави под Новогодишната елка. И покрај се’, следното утро девојчето му го донело подарокот и рекло:

„Ова е за тебе, татенце.“

Тој се засрамил поради својата претерана реакција од претходниот ден, но кога ја отворил кутијата и на негово изненадување видел дека е празна, повторно збеснал. И се развикал:

„Зарем не знаеш дека кога на некого му даваш подарок, во кутијата треба и да има нешто?!“

Девојчето го погледнало со солзи во очите и рекло:

„О, тато, но не е празна. Јас издував бакнежи во кутијата. Сите се за тебе, татенце.“

Таткото бил скршен. Го прегрнал своето девојче и ја молел за прошка. Се вели дека човекот со години ја чувал златната кутија крај својот кревет и секогаш кога ќе се почувствувал обесхрабрен, ќе извадел еден замислен бакнеж и ќе се присетил на љубовта на детето што ги ставило бакнежите внатре.

И во вистинска смисла на зборот, на сите нас како на луѓе ни е дадена по една златна кутија со безусловна љубов и бакнежи од страна на нашите деца, пријатели, семејство и од Бога.

Човек никогаш нема да поседува ништо повредно од тоа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK