септември 24, 2024

Гостивар може да се гордее со успесите на младата Руфија Идризовска. Гостиварката доби пофалници за најдобро дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје и на Институтот за хемија (применета хемија-аналитичка биохемија), со чист просек од 10,00.
Признанијата за својата посветеност и ангажман на полето на хемијата, како и дипломата за завршено високо образование и‘ беа врачени деновиве на пригодна свеченост на факултетот.

„Секогаш вложувајте во вашето знаење бидејќи само знаењето е вашето моќно оружје со кое може да бидете победник на секое поле. Не прекинувајте со надградба на знаењето и секогаш стремете се кон нови откритија и бидете оптимист, верувајте во себе. Употребете го вашето знаење и вложете го во нашата убава земја Македонија, пробајте и барајте работа тука, не надвор од нашата земја. Стекнатото знаење сигурни некој ќе го препознае и ќе ви понуди соодветна работа, јас верувам во тоа и ќе бидам упорна на тоа поле, но само во мојата земја“, изјави за Gostivaroress.mk, Руфија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK