септември 24, 2024

Кривичниот суд Скопје утрово ги ослободи од обвинение доктор Никола Васев, екс директор на Клиниката за онкологија, доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска- дознава Слободен Печат.
Тие се ослободени од обвинение во врска со случајот на пациентот Томо Ристовски односно не се виновни за несовесно работење во службата и за несовесно лекување болни.

Семејството на пациентот ќе ја обжали пресудата, а обвинението беше покренато од страна на јавното обвинителство Скопје. Обвинителството тврдеше дека пациентот Томо Ристовски не добивал терапија во периодот од неколку месеци во 2018 година на Онкологија по што починал.
Судот пресуди дека лекарите не се виновни за кривични дела.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK