септември 24, 2024

Во понеделник Ламбе Алабаковски во етерот ќе ја пушти песната со наслов „Дегиди“. Аранжманот е на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски е задолжен за виолините, а Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, е со потписот на „Зага продукција“.

Новата песна „Дегиди“, која ја објавува во месецот во кој полни 19 години од првото појавување на македонската музичка сцена, е најава за плановите на пејачот за следната година.

„Песната стоеше во фиока околу 12 години. Некако сѐ мислев сега, утре, задутре, но најверојатно требала да созрее за да се најде во етерот и пред мојата публика и сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна. Со оваа песна и официјално сакам да го најавам новиот проект што ќе излезе следната година, кога ќе одбележам еден убав јубилеј – 20-годишнина од почетокот на мојата професионална музичка кариера“, вели Алабаковски.

Песната и видеото ќе бидат промовирани во кафулето „Минт“ во скопска Кисела Вода.

The post По 12 години чување во фиока, Ламбе в понеделник ќе ја промовира новата песна „Дегиди“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK