септември 24, 2024

Александра Пријовиќ неодамна ја потврди својата популарност во регионот одржувајќи пет последователни концерти во загрепската „Арена“, но малкумина знаат дека пејачката се пробала и во актерството.

Имено, пред три години Александра се појави во популарната серија „Убијците на мојот татко“ во кој глумеше пејачка. Потоа рече дека никогаш не помислила дека ќе глуми, но дека со помош на одлични и многу професионални актери сепак направила се добро. Најтешки и биле емотивните и секси сцени со колегата Бан Томашевиќ.

„Се срамев да го гушнам и галам. Сите се трудеа да ме опуштат, па дури и мојот сопруг Филип“, открила своевремено пејачката и додала дека Лепа Брена, која исто така често глумела, прилично ја пофалила.

Александра ја испеа и насловната песна за четвртата сезона од серијата, која стана голем хит.

The post Малкумина знаат дека Александра Пријовиќ се испробала како актерка: „Се срамев да се гушкам“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK