септември 24, 2024

Судот на Европската унија пресуди дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот кога ја забранија Супер лигата пред две години, што значи дека е отворен патот за формирање ново европско натпреварување надвор од јурисдикцијата на главните светски фудбалски организации.

Недолго по одлуката на Европскиот суд беше претставен концептот на Суперлигата. Планот е во него да се натпреваруваат 64 клубови поделени во три квалитативни дивизии. Клубовите од пониските рангови ќе можат да изборат пласман во повисоките, што значи дека ќе има и испаѓање.

Натпреварувањето во Суперлигата би било поделено во две фази. Првиот би се играл по лигашки систем, а секоја екипа би одиграла 14 натпревари, седум дома и седум на гости. Најуспешните клубови потоа би играле во нокаут фазата.

16 клубови поделени во две групи од по осум би се натпреварувале во двете најсилни лиги, Стар и Голд. Најдобрите четири од секоја група ќе се квалификуваат во четвртфиналето од плеј-офот во нивната соодветна дивизија.

Во третата Сина лига, преостанатите 32 клуба би играле во четири групи од по осум клуба. Во четвртфиналето би се пласирале и најдобрите две екипи од секоја група, а победниците од сите три лиги би добиле трофеи.

Финалистите од златната и сината лига ќе изборат место во повисок ранг, а најлошиот тим од секоја од групите на Стар и Златната лига би испаднал во понизок ранг.

Воедно, треба да се каже дека само 12 клуба од најслабата Сина лига ќе останат во Суперлигата, додека 20 од нив секоја сезона ќе бидат заменети со други клубови во зависност од нивниот успех во домашното првенство.

Натпреварите во лигашката фаза би траеле од септември до април, а натпреварите би се играле во текот на неделата за да се овозможи националните првенства да се одвиваат без прекин.

A22 Спортс, компанијата која стои зад Супер лигата, објави и видео во кое го објаснува системот на натпреварување. Сличен систем беше предложен и за натпреварувањето во женскиот фудбал.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ додава дека Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска инјекција од по една милијарда евра бидејќи тие се единствените основачи и носители на проектот.

Бројни инвеститори сакаат да инвестираат во Суперлигата за таа да започне што поскоро. Основачите на Суперлигата истакнаа дека преносите на натпреварите ќе бидат бесплатни.

A22 Sports – the company behind a new European Super League – unveil their new format proposal for European club competitions in men’s and women’s football pic.twitter.com/zzU5gEkp3L

— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 21, 2023

The post Како ќе изгледа Суперлигата? 64 клубови ќе играат во три квалитативни дивизии appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK