септември 24, 2024

BENZ OIL го поништи извлекувањето на трите награди што ги доби Матилда Ристова од Радовиш – ќе има ново извлекување

Финалното извлекување од Големата Наградна игра за 2023 година на „БЕНЗОИЛ“ кое се одржа денеска, а во кое беа извлечени пет награди делумно се поништува, информираше пред малку менаџерот на бензинските станици, Ване Атанасов.
Добитник на последните три награди, лаптоп, мотор и главната награда автомобил „Volkswagen Polo“ беше Матилда Ристова од Радовиш. Прво се поверува дека е чиста среќа, но како што информираше Атанасов, при проверка и анализирање на фискалните сметки се констатира дека вработен на една од бензинските станици на „БЕНЗОИЛ“ има вметнато поголем број фискални сметки на име на добитничката Матилда Ристова и поради тоа од компанијата одлучија да ги прогласи за неважечки.
Извлекувањето делумно ќе се повтори по новогодишните празници за трите награди лаптоп, мотор и автомобил „Volkswagen Polo“, а добитниците на таблет, Леон Рујков и на велосипед Ангел Ѓоргев наградите ќе можат да си ги подигнат на бензинската станица на „БЕНЗОИЛ“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK