мај 1, 2026

Европа се подготвува за динамично и потенцијално екстремно лето во 2026 година, според најновите анализи на Severe Weather Europe. Метеоролозите предупредуваат дека глобалните климатски услови се менуваат побрзо од очекуваното, а главната причина е засиленото развивање на феноменот Ел Нињо.

Според прогнозите, постои реална можност Ел Нињо да достигне и ниво на таканаречен „Супер Ел Нињо“ до втората половина на годината – сценарио кое во минатото донело значајни климатски екстреми на глобално ниво.

Брз пресврт: Од Ла Ниња кон силен Ел Нињо

По неколкугодишното влијание на Ла Ниња, сега се случува нагол пресврт. Главниот двигател е силен океански Келвинов бран, кој ги засилува топлите аномалии во Пацификот. Овие промени влијаат врз глобалната циркулација на воздухот, особено врз млазната струја, што директно се одразува врз временските услови во Европа.

ENSO циклусот (Ел Нињо – Јужна осцилација) е клучен фактор за глобалните временски модели, при што топлата фаза носи сосема различни климатски ефекти во споредба со студената.

Топлотен бран над Европа

Според долгорочниот модел на ECMWF, речиси целиот европски континент ќе се соочи со температури над просекот. Најсилен топлотен сигнал се очекува од јужна и централна Европа, па сè до северните региони.

Ова значи поголем број на топлотни бранови, повисоки дневни температури и зголемен притисок врз енергетските и здравствените системи, особено во урбаните средини.

Нееднакви врнежи – суша и невреме во исто време

Покрај високите температури, моделите покажуваат значајни разлики во врнежите. Поголеми количества дожд се очекуваат во јужна, југоисточна и источна Европа, како и на далечниот север.

Од друга страна, централните и северозападните делови ќе имаат помалку врнежи од вообичаеното, што во комбинација со високите температури создава сериозен ризик од суши, особено во земјоделските региони.

Потврда и од британскиот модел

Слична слика дава и прогнозата на UK Met Office, која исто така предвидува силно јужно струење на воздухот и пораст на температурите низ Европа.

И овој модел укажува на нестабилна распределба на врнежите – со повеќе дожд на југ и север, и посушни услови во централните делови.

Лето со екстреми

Комбинацијата од засилен Ел Нињо, повисоки температури и нерамномерни врнежи укажува дека летото 2026 може да биде едно од поекстремните во последните години.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквите услови можат да донесат:

– почести топлотни бранови

– зголемен ризик од пожари

– локални силни невремиња

– нестабилност во земјоделството

Иако ваквите сезонски прогнози носат одредена доза неизвесност, трендот е јасен – Европа ја очекува лето со изразени климатски контрасти и силно влијание на глобалните атмосферски процеси.

Share

The post Европа на праг на „жешко лето“: 2026 носи топлотни бранови и временски екстреми appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK