септември 24, 2024

Жена загина откако вчера на саем во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, јавија локалните медиуми.
Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга.

Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешки повреди. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка била лошо обезбедена. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.

Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденаарде, Марник Де Меулеместер, кој изјавил дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото. Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK