септември 24, 2024

Иако Европската унија сугерираше да ги олабави врските со Кина, Унгарија упорно одбива да го стори тоа, а сега се чини дека таквиот потег ќе се исплати. Имено, Унгарија и Германија – се натпреваруваат да бидат домаќин на првата европска фабрика на кинескиот производител на автомобили BYD. Според Politico, компанијата треба да објави официјално за се до крајот на годината.

ГЕРМАНИЈА: Уште еден популарен ланец на супермаркети ги затвори сите филијали

Револуционерните промени ја потресуваат германската малопродажна индустрија – имено, сите филијали на популарниот синџир супермаркети Veganz Group AG се затвораат. Тоа е крајот на брендот кој некогаш важеше за пионер на …
ФОТО | Искрена исповед на жена која ја открива “тајната“ на животот: “Имам 65 години и штотуку го имав најдобриот секс во мојот живот! Тоа ме одржува млада“

Боби Паркер Хол е позната по тоа што често оди на фитнес натпревари, а неодамна изјави дека најдобриот секс го имала на 65 години. Ова, како што вели, е тајната на нејзиниот …

Кинескиот производител на батерии CATL минатата година одлучи да изгради своја фабрика вредна дури 7,3 милијарди евра во источниот унгарски град Дебрецен. И други кинески компании во синџирот на снабдување со електрични возила – Nio, Eve Energy, Huayou Cobalt, BYD и Ningbo Zhenyu Technology – најавија нови фабрички проекти во таа земја.

Владата на Унгарија истакнува дека Кина е водечки странски инвеститор во нивната земја од 2020 година, но Будимпешта сега сака повеќе од тоа – така што не е изненадување што унгарските политичари толку многу се грижат нивните односи со Кина да останат мазни.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, беше единствениот лидер на ЕУ кој присуствуваше на форумот на иницијативата „Појас и пат“ во октомври, а претседателот на Кина, Си Џинпинг го нарече „пријател“ на Пекинг.

„Унгарската Влада нема да прифати никаков надворешен идеолошки притисок и секогаш ќе ги следи националните интереси“, истакна Виктор Орбан.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во јуни кажа дека секој унгарски обид да се оддалечи од Кина ќе и наштети на Европа.

„Тоа би било самоубиство на европската економија“, предупреди тој.

„Унгарската Влада се гледа себеси како мост за Кина и тоа е нешто што треба да го загрижи остатокот од Европската унија“, предупреди Дора Ѓерфи, професор по економија на Универзитетот „Корвинус“ во Будимпешта.

Виктор Орбан и Си Џинпинг

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, оваа недела се во Пекинг, каде се обидуваат да извршат притисок врз кинеското раководство поради огромниот трговски суфицит на Кина со ЕУ. ЕК, исто така, започна истрага за несоодветни субвенции за кинески електрични возила.

Во меѓувреме, напорите на унгарската Влада да привлече повеќе инвестиции од Кина предизвикуваат зголемена загриженост.

„Ваквите економски придобивки би можеле да имаат висока политичка цена. Како Русија, така и Кина може да користи каква било економска ранливост за уцена“, вели Дора Ѓерфи.

Унгарскиот министер за економски развој, Мартон Наѓ, беше во Шангај минатиот месец, каде ја прослави брзината на кинеските инвестиции во Унгарија.

„Горди сме што Унгарија е водечка дестинација за кинески деловни инвестиции во Централна Европа. Успехот на владината политика позната како ‘отворање кон Исток’ се гледа по тоа што до крајот на 2023 година повеќе од една третина од директните странски инвестиции во Унгарија ќе доаѓаат од источните земји“, изјави тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK