септември 24, 2024

Две лица од Струмица упаднале во куќа во селото Куклиш, струмичко, крадејќи метален сеф во кој имало пари, златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети.

При претрес на едниот од нив (Ж.М.) биле пронајдени дел од одземените пари, а во службениот разговор тој го признал делото, по што го посочил и местото каде го фрлил металниот сеф.

Л.М. се сомничи дека му помогнал на Ж.М. да прикрие предмети кои ги одзел при кражбата, односно при претрес на дом и други простории сопственост на Л.М., извршен со судска наредба, во дворното место била пронајдена закопана тегла во која биле дел од украдените предмети,

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK