септември 24, 2024

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Лицето било , живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот, за да го спасат. Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор. Инаку, ТППЕ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, во период од 13:50 до 14:37 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK