Коалицијата за заштита на децата дознава дека учениците од шесто до деветто одделение од училиште од населба Аеродром во Скопје, следната недела ќе се облекуваат како спротивниот пол.
Како што додаваат оттаму, по жестоката реакција на родителите ваквиот настан е откажан.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ: ДЕЦА ОД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ЉУБЕН ЛАПЕ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОБЛЕКУВААТ КАКО СПРОТИВНИОТ ПОЛ!
Во продолжение, еве за што стануваше збор:
Станува збор за ООУ „Љубен Лапе“ во нас. Аеродром, Скопје, каде по налог на директорката, класната ги споделила следните инструкции со учениците во нивната Вибер група:
„По повод последната училишна недела од првото полугодие, неколку од нашите ученици имаа идеа неделата да се направи по забавна за сите со тоа што ќе има ‘тематска недела’, кадешто секој ден од наредната недела (26.12-30.12) ќе има една тема и учениците од шесто до деветто одделение ќе треба да го следат кодексот.
Наредните теми се одбрани:
– Понеделник: Биди спротивно од себе (dress as the opposite of yourself day); ден кадешто целата смена ќе треба да носи нешто што никогаш не би го носел/ла.
– Вторник: Облечи се како твојот омилен карактер (dress as your favourite character); ден каде што целата смена ќе треба да биде облечена како својот омилен карактер од филм, серија или книга.
– Среда: облечи се како спротивниот пол (gender swap); ден каде целата смена ќе треба да биде облечена како спротивниот пол.
– Четврток: Ден на костим (costume day); ден каде целата смена ќе треба да носи формален костим.
– Петок: Смешни капи или наочари ден (funny glasses/hats day); ден кога целата смена ќе треба да носи интересни наочари или капи.
Имајте убав остаток од полугодието,
– Ученичкиот парламент
Овој „кодекс“ предизвика револт кај голем број родители, од кои некои нè исконтактираа, а еден од нив го изјави следново:
(Ова) на син ми му го дадоа денес попладне. Им го дала директорката на класните за да го споделат со учениците на Вибер. По која агенда и училишна програма се шири ваква пропаганда? Реагиравме и ние и други родители, а сигурно има реакција и од другите одделенија. Ќе бараме да се покрене иницијатива пред училишниот одбор.
Други, пак, се запрашаа што навистина прават училиштата со нивните деца? Дали тие се станати клубови за забава, притоа заборавајќи ја главната должност за која родителите им ги довериле своите деца, а тоа е – да ги описменат и научат на наука? Ваквите прашања се должат на тоа што воочливо е дека во пишаниот текст има англиски изрази, што имплицира дека овие идеи не потекнуваат од нашето поднебје и се земени од земјите во кои родовата идеологија е веќе длабоко навлезена во образовниот систем.
Познато е дека овие денови, познати како Gender Swap Days или Gender Bender Days, се воведени со цел да се срушат старите традиционални норми, за да се воведат нови, според кои машкото може да биде женско и женското може да биде машко. Поради тоа, родителите со право стравуваат дека нивните деца се индоктринирани преку игри и забавни задачи.
Од друга страна, очебијна е лошата граматика и погрешно ставените интерпункциски знаци, што ги наведува родителите да се сомневаат во способноста на образовните институции.
Читајќи го испратениот „кодекс“ потпишан од Ученичкиот парламент, кој всушност треба да е тело претставено од најсолидните ученици, сведочиме дека деца од деветто одделение сè уште не знаат дека зборот „идеја“ се пишува со ј, дека придавка во компаративната форма се пишува заедно т.е. слеано со префиксот – ПОзабавно, дека „каде што“ се пишува одделно, преводите од англиски немаат смисла на македонски итн.
Ова е навистина крајно загрижувачки, зашто сè појасно станува дека училиштата не си ја вршат својата работа како што треба, додека на децата им се даваат активности кои не само што не се одобрени од родителите, туку родителите се стриктно против.
Можеби ова ќе беше смешно и непроблематично, доколку се случуваше во некое друго понормално време, но јасно ни е дека моменталната клима што ја створија транс-активистите е токсична и опасна.
Со оглед на тоа што феминизираните машки и маскулизираните женски автоматски ги третираат како транс, ваквите настани носат со себе ризик на „препознавање“ и охрабрување децата да бидат нешто што не се, спротивниот пол.
Едноставно, на ваквите „игри“ не им е местото во училиште!
Според последните информации, по жестоката реакција на родителите, директорката на училиштето го откажала ваквиот настан.
Следете не, не има насекаде